EFSE ќе инвестира 60 милиони евра

Bez autora
May 26 2010

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) е подготвен во следниве 5 години да обезбеди дополнителни 60 милиони евра кредит за финансирање и поддршка на микро и малите бизниси во земјава. Средствата се наменети за обезбедување на долгорочни кредити за малите бизниси, како и кредити за подобрување на домувањето кои би им се доделиле на нископриходните домаќинства. Инвестициите ќе им овозможат на комерцијалните банки и на оние кои се специјализирани за малите бизниси, како и на институциите за микрофинансирање да одговорат на финансиските барања на локалниот сектор на мал бизнис ќе се обезбедат среднорочни и долгорочни деловни кредити за инвестирање и капитал за работа. Кредитите ќе бидат со максимална висина до 100.000 евра, а предвидено е да се безбедат приближно 20.000 кредити.

EFSE ќе инвестира 60 милиони евраЕвропскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) е подготвен во следниве 5 години да обезбеди дополнителни 60 милиони евра кредит за финансирање и поддршка на микро и малите бизниси во земјава.

Средствата се наменети за обезбедување на долгорочни кредити за малите бизниси, како и кредити за подобрување на домувањето кои би им се доделиле на нископриходните домаќинства.

Инвестициите ќе им овозможат на комерцијалните банки и на оние кои се специјализирани за малите бизниси, како и на институциите за микрофинансирање да одговорат на финансиските барања на локалниот сектор на мал бизнис ќе се обезбедат среднорочни и долгорочни деловни кредити за инвестирање и капитал за работа. Кредитите ќе бидат со максимална висина до 100.000 евра, а предвидено е да се безбедат приближно 20.000 кредити.

Според Клаус Глаубим претседавач на одборот на директори на EFSE Македонија е избрана за домаќин за Годишениот состанок за 2010, со што се испраќа јасен сигнал за определба на Фондот кон нашата земја. Тој укажа дека и покрај кризата во 2008 и 2009 година Фондот инвестирал над 300 милиони евра во повеќе партнерски земји...

Европскиот фонд одобри кредитна линија од 8 милиони евра на НЛБ Тутунска банка -Скопје и 5 милиони евра на ТТК банка. Средствата ќе бидат искористени за финансирање на микро и мали претријатија во земјава.

Годишниот состанок 2010 на ЕFSE ќе се одржи за две недели во Охрид. Се очекува учество на повеќе од 200 експерти по развојно финансирање, банкарство и финансии од целиот свет.

Досега Фондот во земјава со околу 3.300 бизнис-кредити обезбеди 46 милиони евра за финансирање на локалните комерцијални банки и банките специјализирани за мали бизниси.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik